Ковид-состојби

На болничко лекување се вкупно 780 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 780 лица и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани уште 24 пациенти. Вкупно 323 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, a 457 надвор од Скопје, голем број од нив се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники во Скопје имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември" имало девет нови приеми на пациенти и четири на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 92 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има тројца ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен, смета Министерството за здравство и посочува дека утрово до 8 часот имало 30 слободни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 457 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 72 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 29 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 50, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе