Дневна ковид статистика на Министерството за здравство

На болничко лекување се наоѓаат 630 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 682 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град  и утрово имало 63 слободни места

Во последното деноноќие, на интерните клиники во Скопје имало 11 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември" имало пет нови приеми на пациенти и седум на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 65 пациенти Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 75, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациент, во Кочани седум, во Кичево осум, Кавадарци 42, во Гевгелија пет лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 419 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе