Дневна статистика на Министерството за здравство

На болничко лекување од ковид-19 се наоѓаат вкупно 591 лице

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 591 лице и има околу 490 празни болнички кревети во ковид центрите. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани уште 26 пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно 265 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на скопските интерни клиники имало деветѕ приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 29 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симптоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 69 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, на ГАК три пациентки.

Во изминатите 24 часа во ковид - центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 326 пациенти.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 44 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 18 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 30, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, соопшти Министерството за здравство.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе