„Нема наредба за забрана за снимање“

МЗ: Се надеваме дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица

Министерството за здравство соопшти дека жали за недоразбирањето кое настанало откако вчера до медиумите беше испратено известување со појаснување дека ниту Министерството ниту која било друга здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање.

„Се надеваме дека дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но Министерството за здравство отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза“, пишува во соопштението од Министерството за здравство.

Оттаму упатија покана до претставници на ЗНМ и ССНМ на состанок за да споделат детали во однос на тешкотиите со кои се соочуваат во комуникација со одредени Јавни здравствени установи.

Од Министерството за здравство го приложуваат и соопштението испратено на 29 ноември во кое се објаснува дека никаде нема издадено забрана за снимање и дека новинарите може непречено да известуваат професионално од каде сметаат дека има потреба или е предмет на јавен интерес.

„Во ниту една здравствена установа, не постои наредба за забрана за видеоснимање и фотографирање од страна на медиумски работници. Медиумите може непречено да си ги вршат работните задачи без притоа некој да им смета или да ги ограничува во професионалното работење. Согласно Законот за заштита на правата на пациентите, Законот за здравствена заштита и Законот за заштита на лични податоци, Министерството за здравство и Здравствените установи се должни да го заштитат идентитетот на секој пациент, како и неговата приватност, од таа причина ве молиме при видео или фото известување задолжително да ги почитувате и заштитите идентитетот и приватноста на пациентите“, објаснуваат од МЗ.

Притоа во соопштението се додава дека во однос на ГОБ „8 Септември“, директорот д-р Христија Костов не издал наредба за забрана за снимање на болницата.

„Тријажниот центар може да се снима и фотографира од одредена далечина бидејќи овде има пацинети кои чекаат да бидат хосиптализирани, а возила на Брза помош носат болни во тешка состојба и од таа причина редот мора да се запази како не би се нерушила приватноста на пациентите, но и работата на здарсвтвените работници од една страна и медимските работници од друга страна“, велат од МЗ.

Доколку постои интерес од страна на медиум, за снимање на влезот, внатрешниот дел на ковид центар, тирјажен центар, хоспитализација на пациенти, или слично, од Министерството ги повикуваат медиумите да се обратат до здравствената институција или Министерството за здравство, за да се  организира снимање или фотографирање, со кое нема да се нерушат паравата и приватноста на пациентите, ниту пак да се доведе во ризик задравјето на медиумските работници.

 

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе