Како што посочуваат од министерството, во трите поликлиники од следната недела пациентите ќе доаѓаат во термини наменети само за лабораториската анализа за да не бидат во контакт со останатите пациенти.
„Со овој начин им олеснуваме како на матичните лекари, така и на пациентите да не мора да одат во ковид центрите и болничките установи за да ги направат потребните анализи. Партиципацијата за ваквата здравствена улуга ќе се наплаќа по ценовникот за здравствени услуги на Фондот за здравствено осигурување", изјави директорот на Здравствен Дом Скопје д-р Виктор Исјановски.