МЗ: На инфективните оддели во земјата се лекуваат вкупно 1.296 пациенти од ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава, со исклучок на Скопје, се лекуваат вкупно 816 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство. По Скопје, најмногу пациенти има во ковид-центарот во Прилеп, 120.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во штипската болница се хоспитализирани 58 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 112 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 75, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 56 пациенти, во Кочани 13, во Кичево 20, Кавадарци 36, а во  Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

 

 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе