Додека се учениците на распуст

МОН препорача и наставниците да не одат на работа

Министерството за образование и наука испрати допис до училиштата во наредните денови, кога и учениците се на распуст, да не се оди на работа, со цел да се заштеди енергија.

Во дописот до директорите на училиштата се вели да не се организираат работни активности за наставниците, стручните соработници и административно - техничкиот кадар, освен за техничкиот кадар којшто е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштата во периодот од 20 до 26 јануари, кога се користи зимскиот одмор за учениците.

„Оваа препорака се дава со цел да се намалат трошоците за енергија и за електрична енергија во училишните објекти“, се вели во дописот од МОН.

Инаку, со одлука на Владата зимскиот распуст за учениците е продолжен до крајот на јануари поради пикот на заразата со ковид-19 во Македонија.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе