МОН: Од 1 до 30 октомври доставување на документи за студентска стипендија

Министерството за образование и наука (МОН) ги известува сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на ова право, дека рокот за достава на документите почнува на 1-ви и трае до 30-ти октомври оваа година.

Корисникот на стипендија треба да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение за положени испити со успех од претходните години, УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80 односно 90 проценти (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на „http://e-uslugi.mon.gov.mk".

Од МОН соопштија дека за каква било информација или прашање корисниците да се обратат на електронската пошта „[email protected]".

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе