МОН објави конкурс за изработка на учебници за 2023-2024 ама само за трето одделение

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека продолжува процесот на изработка на нови учебници и наставни материјали за учениците од основното образование, кое се реформира согласно среднорочен акциски план на МОН и другите надлежни институции и засегнати страни.

„Објавен е повик за автори за поднесување предлог учебници за наставните предмети во трето одделение за учебната 2023-2024 година, за кои Бирото за развој на образованието веќе изготви нови наставни програми. Повикот се објавува порано од досегашната вообичаена практика, за да се обезбеди сигурност дека постапка за одобрување на учебниците за трето одделение по македонски, албански, турски, српски и босански јазик, како и по математика, природни науки и општество, ќе заврши пред почетокот на учебната година следниот септември“, информира МОН.

Право на учество на конкурсот имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование. Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование.

Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 13.2.2023 година.

„Реформирањето на националниот образовен систем во делот на основното образование останува врвен приоритет на Владата и на Министерството за образование и наука. Новите наставни програми и учебници треба да овозможат учење со разбирање, наместо фактографско меморирање податоци, како и да ја подигнат креативноста, иновативноста и критичкото размислување кај младите. Досега, нови наставни програми и учебници се изработени за прво, второ, четврто и петто одделение“, се наведува во соопштението од МОН.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе