МОН: Настава во училиштата мора да има и за време на штрајк

Од утре (понеделник), за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура - СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно - образовен процес, информира Министерството за образование и наука (МОН).

Според МОН, правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците и согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.

„Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година.  

Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно - образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото“, се вели во соопштението од МОН. 

 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе