Инфекцијата не можела да се спречи

Момчето што почина од сепса по операција на заб доцна побарало помош, МЗ вели нема лекарска грешка

Нема лекарска грешка во третманот на 25 годишниот пациент од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица. Така заклучила стручната Комисија формирана од министерот за здравство. Беким Сали вели дека според извештајот кој му бил доставен од Комисијата, на младиот беровчанец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи.

Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и не можноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција, изјави Беким Сали, министер за здравство за Сител. 

Иако преку допис до Министерството за здравство било побарано јавноста да го види извештајот од стручната комисија, не телевизијата не го добила. Не беа соопштени ниту имињата на лекарите кои го правеле надзорот.

Што предизвикало сепса кај пациентот треба да покажат анализите на Институтот за судска медицина по направената обдукција. Овој извештај го чека и Обвинителството, откако за случајот отворија предмет по допрен глас.

Инаку, во Основното јавно обвинителство Штип оформен е предмет со цел да се утврдат причините за смртта на пациентот од Берово кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип. Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, на крајот на август издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина Скопје. Од таму за МКД.мк тогаш ни одговорија дека ќе се прави обдукција, но ќе се вештачи и целокупната медицинска документација за лекувањето на починатото момче.

Од Обвинителството информираат дека постапуваат со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице.

„Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош. Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на починатиот пациент", се наведува во соопштението од Јавното обвинителство – Штип.

Претходно Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Штип.

Роднините на починатиот на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипска болница.

„На ден 23.08 пациент на возраст од 25 години е префрлен од Клиничката болница во Штип во многу тешка состојба и на респиратор. Пациентот на прием со знаци за тешка системска инфекција. И покрај напорите на медицинскиот тим на КАРИЛ и дадената соодветна медицинска нега, пациентот за жал почина за помалку од 24 часа", соопшти вчера директорот на Клиниката за трауматологија ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) Александар Трајановски.

По завршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство тогаш соопшти дека јавноста ќе биде поконкретно информирана.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе