По пукањето во с. Љубош

Момче со повреда од куршум во стомакот донесено во болница

По престрелката во с.Љубош во која што имало и употреба на огнено оружје момче на возраст од околу 30 години заврши со огнострелна повреда во Градската болница „Св.Наум Охридски". Директорот на болницата, Љубен Арсенков за МКД.мк вели дека се работи за повредено момче кое во болницата било донесено со прострелна рана во стомакот и дека е во тек хируршка интервенција. Според првичните информации момчето има повредни и на другите ограни. 

„Се работи за повредено момче на возраст од околу 30 години кое кај нас е донесено со прострелна рана во пределот на стомакот. Повредени се и други органи и хируршката интервенција е во тек“, ни изјави д-р. Арсенков. 

Претходно за истиот настан веќе објавивме дека МВР го потврди и соопштија дека се работи за нарушување на јавен ред и мир во с.Љубош, при што имало и употреба на огнено оружје, при што две лица биле повредени.

„Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х. од една страна и Н.Р. и М.Р. од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски" за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок", ни изјавија од МВР.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе