Министерство за здравство: Уште две лица заразени од коронавирусот

 Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на конференцијата за медиуми на министерот за здравство Венко Филипче, Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, кои ќе бидат регистрирани во денешниот извештај на Институтот, соопшти Министерствоото за здравство.

По градови во Штип има 6 нови заболени од ковид-19, Скопје – 3, Велес – 3, Струга- 2, Струмица- 1, Дебар- 1, Тетово – 1, Гевгелија- 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид - 19 денеска изнесува  259 лице. Според местото на живеење, досега случаи на ковид -19 се регистрирани во Скопје - 145, Дебар – 46, Куманово – 21, Штип- 14, Прилеп - 8, Велес - 6, Тетово - 5, Струга- 5, Охрид - 3, Кавадарци - 2, Гостивар - 1, Битола - 1, Гевгелија - 1, Струмица - 1, соопшти Министерството за здравство.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе