Министерството за здравство и СЗО на 27 февруари го организираат вториот Национален форум за здравје

Под мотото „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците" на 27 овој месец во Скопје ќе се одржи вториот Национален форум за здравје што го организира Министерството за здравство во соработка со Светската здравствена организација.

Ќе имаме можност да дискутираме за прашања од областа на здравјето, здравствените планови, заеднички да отвориме дискусија и да ги собереме сите информации од сите чинители, вклучувајќи ги пациентите и асоцијациите на пациенти и оние кои ги користат здравствените услуги, вели шефицата на Канцеларијата на СЗО во Скопје, Џихан Тавила во видео пораката снимена по тој повод.

Министерот Венко Филипче во видео пораката истакнува дека во текот на минатата година е почната имплементацијата на препораките од првиот здравствен форум кој беше посветен на примарната здравствена заштита.

Можам да кажам дека заедно со УН агенциите навистина постигнавме многу. Благодарение на соработката којашто ја имавме, ја преполовивме новороденечката смртност. Сите прематурни бебиња сега се третираат согласно најсовремените европски стандарди, со доволно опрема, но и со доволно едуциран кадар. Значајно се зголеми опфатот со вакцинација. Од некаде под 80 проценти, тој во Скопје порасна на 99.5 проценти благодарение на мерките коишто Владата ги презеде. Се соочивме со една епидемија со којашто одлично се справивме и навистина заврши за многу кратко време, а во околните земји таа навистина траеше многу долго и однесе огромен број на животи, вели Филипче.

На форумот најавено е присуство и на регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе