Реакција

Министерство за здравство: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ треба јавно да се извини

Најостро ги демантираме лагите кои денеска беа изнесени од портпаролот на опозицискиата партија ВМРО-ДПМНЕ, а претходно објавени на социјалните мрежи од пратеник на истата партија. Ниту се одвивала, ниту се одвива илегална вакцинација, ниту што било поврзано со јавното здравје се прави на нетранспарентен начин. Вакцинирањето во Република Северна Македонија ќе почне во февруари. Водиме преговори за да обезбедиме вакцини по три механизми, Ковакс, директни преговори и преку солидарниот фонд на ЕУ, се вели во реакцијата на Министерството за здравство.

„Изготвен е оперативен план за вакцинација во кои се утврдени приоритетните групи, број на потребни вакцини, пунктови на кои ќе се врши вакцинацијата. Со ваквите манипулативни видеа, опозициската партија свесно сака да го потцени и оцрни трудот на здравствените работници, експерти во областа кои работат на процесот на вакцинација.

Бараме итно да се повлече видеото, а портпаролот и пратеникот јавно да се извини. Апелираме до јавноста да не ги зема предвид лажните информации. Од почетокот на ковид кризата точно, навремено и целосно транспарентно информираме и така ќе продолжиме. Ги повикуваме надлежните институции секоја злоупотреба или лажна вест да биде законски санкционирана затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе