Само 11 ученици од 292 одлични со петки на приемниот

Министерот Шаќири за резултатите од приемниот во „Орце Николов“: Разочаран сум, да се најдат причините

Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека е разочаран од резултатите што основците ги покажаа на приемниот испит во гимназијата „Орце Николов“, и според кои од вкупно 292 ученици само 11 добиле петки и додева дека тоа само ја покажа реалната слика на образовниот систем во Македонија, на кој мора сериозно да се работи. Тој бара да се испитаат и педагошките и психолошките причини кои имаат вакви влијанија во резултатите. За 285 слободни места во скопската гимназија „Орце Николов", во првиот уписен рок се пријавиле 353 ученици. Од нив, дури 337 се со просечен успех 5,00, а останатите се исто така со одличен успех. Кандидати со многу добар успех, немаше.

Поради големиот интерес за упис во скопското средно училиште „Орце Николов", гимназијата во понеделникот спроведе квалификациско тестирање по предметите македонски јазик и математика. Се тестирале 292 одлични ученици.

„Искрено да ви кажам, дали сум задоволен од резултатите, не сум, разочаран сум од последните случувања во скопската гимназија „Орце Николов", каде голем дел од учениците вештачки добиваа петки, односно одличен успех. Да се имаат предвид, но и да се испитаат и педагошките и психолошките причини зошто имаа вакви влијанија во резултатите. Ако сакаме да се изгради здрав образовен систем кој ќе функционира и ќе дава резултати, треба сериозно да се поработи, а ќе работиме и ќе придонесуваме сите заедно за конкретните состојби, не само со последните случувања во гимназијата „Орце Николов" туку воопшто во образованието“, изјави министерот Шаќири за ТВ Алфа.

Од вкупно 170 бодови, над 129 бодови што се смета за одличен успех или оценка 5 освоиле 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните, многу добар успех од 107 до 129 бода имаат 39 ученици или 13,36% од тестираните.

Најголем број од учениците 133 или 45,55%, на приемниот испит добиле тројка или добар успех со освоени од 67 до 106 бода.

Доволен успех со освоени од 45 до 66 бода имале 70 ученици, оценка единица или недоволен успех со освоени под 45 бода имаат покажно 39 ученици.

Од вкупно тестираните 292 ученици, во прва година се примени 251 ученик.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе