Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители.
Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9.2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (n=172; 19,3%), 50-59 (n=161; 18,1%), 30-39 (n=152; 17,1%) и 20-29 (n=121; 13,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=72; 8,1%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1%), регистрирани се 138 (16,0%) хоспитализирани, а кај 231 (26,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11% во однос на претходната недела.
Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7% во однос на минатата недела.
Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, 4 на возраст од 50-59 и еден од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојбата со Сovid-19 во Република Северна Македонија 21-27.09.2020г., како и Кумулативната состојба со Сovid-19 во Република Северна Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје.