Медиумската писменост ќе се изучува на четири факултети

Четири високообразовни институции ќе ја вклучат медиумската писменост во своите студиски програми. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од Тетово и Економскиот факултет на Универзитетот ФОН.

Како што изјави Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии (ИКС), тие ќе ги ажурираат постојните или ќе воведат нови предмети за медиумска писменост, ќе работат на истражувања, ќе создадат нова литература и ќе осмислат различни активности со студенти.  

Овие високообразовни институции беа избрани од вкупно 11 факултети кои се пријавија на повикот на ИКС и ИРЕКС во рамки на петгодишниот проект за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“.

„Преку овие мали грантови сакаме да го заокружиме процесот на вклучување на медиумската писменост и критичкото восприемање на медиумските содржини на сите нивоа на формалното образование – од основно до високо“, рече Михајло Лахтов, директорот на ИРЕКС Скопје.

Според Демуш Бајрами, декан на Факултетот за јазици, култури и комуникации при Универзитетот Југоисточна Европа, „оваа поддршка доаѓа во вистинско време бидејќи преку образованието за медиумска писменост, може да се влијае врз јавноста преку оформување на идните генерации на професионалци“.

Филолошкиот факултет од Скопје увидел дека во нивните студиски програми недостасува современа литература во оваа област, па освен што медиумската писменост ќе се воведе како посебен предмет, истата ќе се спроведе на сите нивоа на образование.

„Планираме да ги спроведеме овие активности во прв, втор и трет циклус на студии“, рече проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет, Катедра за македонски јазик и литература „Блаже Конески“.

Педагошкиот факултет ќе ги подготвува идните наставници и библиотекари самите да стекнат и да научат како да ги поучуваат своите идни ученици, следејќи ги новите наставни програми кои, меѓу другото, вклучуваат и медиумска и дигитална писменост што основците веќе ги следат од тековната учебна година. Факултетот за општествени науки (ФОН) ќе ги ажурира наставните содржини за студентите на Економскиот факултет.

Ова е прва година во која високообразовните институции аплицираа за грантови во износ од 8.500 американски долари. Повикот ќе се повторува и следните години.

Проектот „Младите размислуваат“ е спроведен од страна на Меѓународниот одбор за истражување и размена (ИРЕКС) во соработка со локалните партнери Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ), а е финансиски поддржан од УСАИД.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе