Пораст на бројот на болни од ковид-19

Маските се задолжителни во јавниот превоз и во други места, потсетува Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести констарира пораст на бројот на болни од ковид-19, но и во соседните земји и потсетува дека е задолжително носењето маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и во јавниот превоз. Дополнително, се потсетува дека е препорачливо заради заштита на сопственото и на јавното здравје граѓаните да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце.

Во соопштението по одржаната седница, Комисијата за заразни болести информира дека е констатирано зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65,8%. Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и дека нема зголемување на бројот на смртни случаи.

„Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, се вели во соопштението.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе