Новата одлука на Владата прв ја објави преку својот фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Со новата одлука и учениците од средните училишта можат да ја следат наставата со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.
Се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.