Македонскиот амбасадор во Тирана разговарал за воведување на македонскиот јазик во високото образование

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски остварил работна средба со албанската министерка за образование, спорт и млади, Евис Куши, на која била искажана согласност за потребата за воведување нови форми за изучување на македонскиот јазик, но и во рамки на високото образование во Албанија, информира македонската амбасада.

Во разговорот биле реафирмирани одредбите од билатералниот Договор за соработка во областа на образованието и науката, со посебен акцент на одредбите за поддршка на иницијативите за обезбедување настава на македонски јазик во делот на високото образование на Република Албанија.

„Амбасадорот Марковски информираше за воспоставената соработка меѓу Педагошкиот факултет и Филолошкиот факултет кои делуваат во составот на битолскиот Универзитет и Универзитетот во Корча, со посебен акцент на организирање настава за македонски јазик како за студентите, така и за останати заинтересирани лица преку редовна настава, курсеви, on line и друго“, стои во објавата.

Заеднички било констатирано дека актуелната состојба не соодејствува со реалните потреби и односи на двете држави, како во академската заедница, така и во бизнис секторот.

Инаку во средината на минатиот месец министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, амбасадорот Марковски, деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски" од Битола, Добри Петровски, претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов и Васил Стерјовски остварија работна посета на Универзитетот „Фан С. Ноли" во Корча со ректорот Димитар Бело и со деканката на Филолошкиот факултет Јонела Спахо.

На средбите, како што беше соопштено, се финализирале подготовките за вклучување на македонскиот јазик во наставно-образовната програма во рамките на Универзитетот „Фан С. Ноли" од Корча а биле разменети идеи за заеднички програми и проекти помеѓу универзитите во Корча и Битола и други универзитети.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе