Извештај на СЗО

Македонија во светскиот врв по пушење цигари, тутунот и нездравата исхрана главни фактори за смртност

Тутунот и нездравата исхрана се главни фактори на ризик за смртност во Македонија. Нездравиот начин на живот е двигател на смртност, а високиот процент на пушачи, лица со висок шеќер во крвта и зголемената потрошувачка на шеќер, сол и масти се проценува дека сочинуваат речиси три четвртини од смртните случаи до 2019 година, се наведува во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за Македонија.

Овој извештај е еден од 14-те национални извештаи за земјите членки во Европскиот регион на СЗО што не се членки на Европската Унија.

Во делот „Подобрување на здравјето на населението" се посочува дека очекуваниот животен век во Македонија се зголемува, но останува под просек од Европскиот регион на СЗО.

„Најновите податоци за смртност пријавени од Северна Македонија до СЗО се однесуваат на 2013. Според овие податоци, просечниот животен век изнесувал 75,5 години. Иако ова беше под просеците за Југоисточна Европа и Европскиот регион на СЗО, беше повисок од повеќе ажурирани бројки за очекуваниот животен век за некои членки на ЕУ“, се вели во извештајот.

Кардиоваскуларните и цереброваскуларните заболувања и карциноми се водечки причини за смртност кај возрасните. Во периодот од 2000 до 2017 година забележано е и зголемување на смртноста поради дијабетес, специфични видови на рак, особено на белите дробови, колоректален карцином, панкреас и рак на простатата како и Алцхајмерова болест.

Во извештајот се наведува дека државата е рангирана меѓу земјите со највисока преваленција на пушење тутун во светот и највисок просечен број на испушени цигари кај возрасните и младите луѓе. Но, како што пишува, се забележува намалување на стапката на пушење цигари. Причината за тоа, велат дека е Законот за забрана на пушење цигари на јавни места воведен во 2010 година.

На позитивна нота, како што велат од СЗО, потрошувачката на алкохолот кај возрасните по глава на жител (3,8 литри) е под просекот на европскиот регион на СЗО.

Забележано е зголемување на стапката на прекумерна тежина и дебелина меѓу возрасните. Речиси две третини или 64,9 проценти од мажите и повеќе од половина жени, односно 51,2 отсто биле со прекумерна тежина во 2016 година. Загрижува и фактот што половина од возрасната популација не е физички активна и само 8,3 проценти од возрасните практикуваат околу 150 минути умерена физичка активност неделно, што е под просекот на Европската Унија.

Прекумерната тежина се забележува и меѓу седумгодишните деца, каде што во период од 2010 и 2019 година е зголемена особено кај девојчињата, од 30,9 проценти на 30,8 отсто, покажуваат податоците од извештајот.

Загадениот воздух е главен фактор на ризик за респираторни заболувања кај децата, велат од СЗО. Земјата има едно од највисоките нивоа на загаденост на воздухот во Европа, особено во главниот град Скопје. Согласно податоците од извештајот, во 2019 година, се проценува дека еден од седум смртни случаи (13,7 проценти) во државата се должи на лошиот квалитет на воздухот.

Преваленција на респираторни состојби, не вклучувајќи зарази или пневмонија е особено висока кај децата на возраст од 0 до 14 години.

Во 2019 година, 39,8 отсто од морбидитетот кај децата е поврзан со болести на респираторниот систем. Од СЗО велат дека децата од предучилишна возраст во урбаните средини имаат двојно поголеми шанси да развијат болести на респираторниот систем од оние во руралните средини.

Четиринаесетте нови извештаи беа претставени на 72-та седница на Регионалниот комитет на СЗО за Европа во Тел Авив, Израел на 12 септември годинава. Секој извештај содржи најнови информации за земјата во однос на организацијата на здравствениот систем, стратегиите за финансирање и финансиска заштита, пристапот до ресурси и услуги, подобрувањето на здравјето на населението, стратегиите за антимикробна резистентност и напредокот кон исполнување на Европската програма за работа на СЗО.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе