Процес на имунизација

Македонија не се помрдна од 35-те проценти на целосно вакцинирано население

И натаму процентот на целосно вакцинирано население во Македонија не се помрднува од 35 проценти, бидејќи бројот на вакцинирани со прва доза вакцина секој ден е под илјада лица. Вчера со прва биле вакцинирани 734 лица. Интересот на веќе имунизираните лица со две дози не се намалува за примање на третата засилувачка доза - вчера со трета доза биле вакцинирани 3.187 лица, а вкупниот број на имунизирани со три дози веќе изнесува  27.298 граѓани.

Во соопштението на Министерството за здравство се вели дека вотекот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 се аплицирани како прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина.

„Заклучно со 28 октомври вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464 а трета доза примиле 27.298 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, велат од Министерството за здравство.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе