Македонија е во зелена зона, Комисијата за заразни болести не препорачува дополнителни мерки за ковид-19

Комисијата за заразни болест на денешниот состанок не препорача дополнителни мерки за ковид-19, но апелира граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. 

На денешниот состанок Комисијата ја разгледала актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид. Согласно методологијата за одредување на ризикот од ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од ковид-19. Притоа утврдено е дека Македонија се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со ковид-19, Инаку, зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто.

На состанокот било разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за ковид-19, при што Комисијата препорачал двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно. 

 

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе