Министерство за здравство

Ковид-биланс: уште 460 новозаразени и 12 починати, оздравеле 543 пациенти

Во изминатите 24 часа се регистрирани 460 нови случаи на ковид-19 од направени 2.424 тестирања, односно позитивни се 19 отсто од тестираните. Оздравени се 543 пациенти, а починаа 7 лица. Дополнително се пријавени уште петмина кои починале во претходен период.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 185, Прилеп – 54, Битола – 45, Кавадарци -28, Берово - 20, Куманово – 15, Гевгелија – 11, Велес – 10, Тетово, Охрид, Радовиш и Делчево по 9, Кочани и Крива Паланка по 7, Кратово – 5,  Неготино и Валандово по 4, Струга, Виница и Македонски Брод по 3, Струмица, Ресен, Крушево, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран по 2, а во Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Дебар, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.

Регистрирани сe 543 оздравени пациенти и тоа од: Скопје – 234, Битола – 54, Прилеп – 31, Куманово – 25,  Кавадарци – 23, Штип и Охрид по 20, Кочани – 15, Велес – 14,  Струмица – 13,  Гевгелија и Ресен по 12, Тетово – 9, Радовиш, Берово и Делчево по 7, Неготино и Демир Хисар по 6, Крива Паланка и Кратово по 5, Кичево и Богданци по 4, Струга – 3, Виница – 2 и од Свети Николе, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Дојран по 1.

 Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 3 починати лица од Скопје (63г, 67г и 83г), 2 починати лица од Битола (66г и 83г) и по едно починато лице од Куманово (79г),и Берово (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Битола (1), Велес(1) и Прилеп (1). Починатите лица се на возраст од 70г до 88г. Сите пријавени лица се починати во домашни услови.

Направените 2.424 тестови се преку: ИЈЗ-332, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-39, ЦЈЗ Тетово–11, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–3, Жан Митрев (Филип Втори)-69, Авицена-151, Биотек-164, Систина-81, лабораторија Лаор-69, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–40, Генеа-13, Никоб лаб-217, ВФВ Медикал-25, Ели Медика-22, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–1,Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 869.

Досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.585, бројот на оздравени пациенти е 200.003, на починати е 7.581, а бројот на активни случаи изнесува 8.001.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 94.288, Активни 3.797

Куманово 12.870, Активни 241

Тетово 11.319, Активни 150

Прилеп 10.210, Активни 423

Битола 8.654, Активни 623

Гостивар 8.060, Активни 30

Велес 7.286, Активни 326

Кавадарци 6.956, Активни 305

Штип 6.564, Активни 158

Охрид 6.444, Активни 284

Струмица 6.091, Активни 148

Кичево 4.222, Активни 78

Кочани 3.989, Активни 173

Струга 3.903, Активни 65

Гевгелија 2.792, Активни 128

Неготино 2.557, Активни 58

Свети Николе 2.113, Активни 81

Крива Паланка 1.884, Активни 135

Ресен 1.736, Активни 97

Радовиш 1.720, Активни 63

Дебар 1.456, Активни 2

Берово 1.442, Активни 94

Делчево 1.391, Активни 135

Виница 1.154, Активни 43

Пробиштип 1.110, Активни 23

Валандово 930, Активни 54

Кратово 765, Активни 45

Богданци 643, Активни 37

Демир Хисар 609, Активни 73

Крушево 584, Активни 30

Македонски Брод 493, Активни 12

Демир Капија 424, Активни 7

Македонска Каменица 414, Активни 69

Пехчево 349, Активни 11

Дојран 163, Активни 3

 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе