12 градови без активни случаи

Ковид-биланс: 72 нови случаи, пријавени двајца починати

Нови 72 случаи на ковид-19 се регистрирани од направени 1.124 тестови, а од нив 20 се реинфекции. Оздравени се 54 пациенти, а во изминатите 24 не се пријавени починати лица. Пријавени се две лица кои починале во претходен период.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 53, Битола – 8, Тетово, Охрид и Берово по 2 и во Куманово, Прилеп, Штип, Кочани и Гевгелија по 1.

Регистрирани сe 54 оздравени пациенти од кои од Скопје – 34, Штип – 5, Охрид – 4, Битола и Берово по 3, а од Куманово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и Неготино по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани две починати лица од: Охрид (82г) и Велес (74г). Едно лице е починато во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 24.05 до 28.05.2022 година.

Направените 1.124 тестови се преку: ИЈЗ-112, ЦЈЗ Скопје-25, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-11, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-11, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–41, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-20, Биотек-42, Систина-35, лабораторија Лаор-43, Синлаб-7, Ремедика - 4, Плодност-10, Генеа-3, Никоб Лаб-53, ВФВ Медикал-10, Ели МедикаПлус-10, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–7, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 589.

Досега во земјата се направени вкупно 2.058.297 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.157, бројот на оздравени пациенти е 302.344, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 504.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 14.7065, Активни 339

Куманово 16.675, Активни 5

Битола 15.678, Активни 49

Прилеп 14.216, Активни 8

Тетово 13.482, Активни 7

Кавадарци 10.687, Активни 5

Велес 9.797, Активни 9

Гостивар 9.608, Активни 3

Охрид 8.932, Активни 27

Штип 8.074, Активни 14

Струмица 8.073, Активни 0

Кичево 5.651, Активни 3

Кочани 5.096, Активни 6

Струга 4.728, Активни 1

Гевгелија 4.423, Активни 2

Неготино 3.695, Активни 7

Ресен 2.751, Активни 2

Свети Николе 2.634, Активни 3

Радовиш 2.531, Активни 0

Крива Паланка 2.418, Активни 1

Делчево 1.986, Активни 1

Берово 1.691, Активни 9

Дебар 1.677, Активни 1

Валандово 1.488, Активни 0

Виница 1.393, Активни 1

Пробиштип 1.267, Активни 0

Богданци 1.021, Активни 0

Кратово 966, Активни 0

Крушево 930, Активни 1

Демир Хисар 835, Активни 0

Македонски Брод 738, Активни 0

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 0

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0

 

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе