Конкурс за стипендии за постдипломски студии на фондацијата „Борис Трајковски“ за постдипломски студии

Распишан е Конкурсот за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии за паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2022/2023 година. Стипендиите покриваат уписнина за 20 студенти за вонредни двегодишни студии од втор циклус, кои се реализираат во Солун, со двојна диплома – од Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство и Универзитетот во Стразбур во Франција.

Ќе бидат доделени стипендии за насоките: Општ менаџмент; Маркетинг; Финансии; Менаџмент во логистика; Менаџмент во здравство и Менаџмент на човечки ресурси.

На Конкурсот може да се пријават стручни лица од различни профили и бизнис-менаџери вработени во компании од приватниот и од јавниот сектор.

Вкупната школарина за МБА-програмата е 14.890 евра по студент. На најдобрите пет кандидати (според критериумите наведени во Конкурсот и според ранг-листата изготвена од Комисијата за избор) 50 проценти од школарината ќе им биде покриена од Универзитетот (7.445 евра за студент) и 50 проценти од Владата на Македонија.

За останатите 15 кандидати, 50 проценти од школарината ќе биде покриена од Универзитетот (7.445 евра за студент), а останатите 50 проценти кандидатот ќе ги плаќа самиот, на рати во текот од две години (7.445 евра за студент).

Стипендиите ги покриваат само средствата за уписнина. Останатите средства (патни трошоци, сместување и други животни трошоци) се на товар на кандидатот.

Паневропската извршна МБА-програма е предвидено да се реализира во Солун за време на викенди. Корисниците на стипендии треба да патуваат во Солун најмногу до еден викенд во месецот во период од две години и да учествуваат на студиските посети во траење од три недели: една недела на Универзитетот Јорк во Обединето Кралство, една на Универзитетот во Стразбур, Франција, и една недела во Солун. Сите предавања ќе бидат на англиски јазик.

По успешно завршување на дуалната МБА-програма, студентите ќе добијат две дипломи за извршни мастер студии по деловна администрација – од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур.

Меѓу условите кои се наведени во Конкурсот се работно искуство од најмалку три години, одлично познавање англиски јазик, предност при изборот доколку имаат магистратура или докторат од која било област.

Кандидатите ќе  ги избира Комисија, а рокот за пријавување е 23 септември 2022.

Во Конкурсот, објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука, се наведени условите и критериумите за избор, начинот на аплицирање, потребните документи и адресата на која треба да бидат доставени, како и контакти за добивање повеќе информации за овие стипендии. 

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе