Министерство за здравство

Комисијата за заразни болести ќе расправа за нови рестриктивни мерки, активни 8.398 случаи

Комисијата за заразни болести денеска на редовниот состанок околу состојбата со коронавирусот се очекува да расправа и за новата мутација на вирусот наречена омикрон. На седница на Владата, пак, утре треба да се одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против ковид-19 надмине 70 проценти. По вчера регистрираните 333 новозаразени во државава сега се активни 8.398 ковид случаи.

„Во однос на новиот сој на ковид-19 сега е сè уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот омикрон која има бројни мутации посебно во делот на спајкот и сега тука е сомнежот дека можно е да е потрансмисибилен отколку сите досегашни мутации. Меѓутоа, ние имавме и многу други мутации кои не се проширија досега. Имаше и други сценарија – делта сојот кој навистина секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи во понеделник на состанок на Комисијата за заразни болести“, изјави за медиумите викендот ресорниот министер Венко Филипче.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го идентификуваше новиот сој Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, го именува со грчката буква омикрон и го класифицираше како загрижувачки и високо пренослив.

Во образложение за новата мерка, министерот Филипче рече дека овој предлог е резултат на истражување и оти целата идеја е матичните лекари да бидат финансиски стимулирани со по 30 денари по пацинет, кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти кој се запишани кај нив. На последната владина седница беше одлучно да се побараат дополнителни анализи за предлозите со кои се предвидуваше да се бара задолжителна вакцинација или ПЦР тест за одење на работа.

„Свесен сум дека овие се едни од најтешките мерки поради што допираат во една сфера во која досега не сме имале мерки, а тоа се работните односи, работното место, меѓутоа заклучивме дека треба дополнително да истражиме и да видиме дали ќе има некои слични мерки кои нема да бидат толку сериозни, да загрозуваат нечие работно место а од друга страна ќе бидат стимулација за вакцинација и во таа смисла работевме интензивно“, посочи Филипче.

Последните податоци објавени од Министерството за здравство, покажуваат  дека заклучно со 26 ноември во државава вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666, а трета доза примиле 70.937 граѓани.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, на оздравени пациенти е 199.064, а на починати е 7.547. Од активните  8.398 случаи, најмногу се во Скопје – 3.941, по што следат Битола – 668, Прилеп – 425, Велес – 340 и Кавадарци – 306.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе