Коалицијата Маргини поднесе тужба за дискриминирачка и вознемирувачка содржина во универзитетски учебник

Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, се само дел од вознемирувачка содржина која што невладината Коалиција Маргини бара да биде отстранета од учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и заменета со научно заснована содржина што е во чекор со современата научна мисла.

Коалицијата Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација, како што пишува во информацијата до медиумите поднесе тужба за утврдување на дискриминација во учебникот. Оттаму истакнуваат дека институциите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосен развој на личноста и кон зајакнување и почитување на човековите слободи и права, поради што мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација.

„По неколку обиди да го привлечеме вниманието на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј‘,  на Филозофскиот Факултет и на авторите на спорните учебници кои се дел од наставната програма на оваа единица, и да побараме повлекување на спорните содржини, наидовме на отпор и игнорирање на нашите барања. Дополнително, споменатиот автор на учебникот е веќе професор во пензија, но неговите спорни учебници сѐ уште се користат во наставата на овој факултет“, пишува во соопштението. 

Притоа се додава дека Коалицијата Маргини, заедно со партнерските организации од Мрежата за заштита од дискриминација, подолго од една декада работи на елиминирање на дискриминирачките содржини во учебниците кои содржат невистини, научно незасновани ставови преку кои се одржуваат родовите предрасуди и стереотипи и се вознемируваат луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет. Од Коалицијата истакнуваат дека идентификувале повеќе од 20 учебника во сите нивоа на образование што содржат дискриминирачка содржина, најчесто врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентиет и здравствен статус, а по нивна иницијатва дел од овие учебници биле отстранети. Сепак, „останува фактот дека образовните програми и материјали сé уште се полни со содржини што создаваат и одржуваат понижувачка и непријателска средина за жените, сексуалните и родовите малцинства“.

Притоа потестуваат дека на потребата од измена на наставните материјали уште во 2011 година укажа и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата, но досега малку е направено за елиминирање на дискриминацијата во образованието.

Поради ова, Коалицијата Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација покрај судската постапка, започнува со серија активности за подигнување на свеста на стручната и општата јавност за потребата од реформи во образованието со кои ќе се обезбеди квалитет во знаењата, напредок во науката и создавање нови генерации на вистински професионалци кои во својата професија ќе се водат од фактите, а не од предрасудите.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе