Ќе се унапредува владината поддршка која ја имаат универзитетите, најави Шаќири

На седницата на Инеруниверзитетската конференција во Охрид се обрати ресорниот министер Јетон Шаќири и рече дека поддршката што универзитетите ја имаат од Министерството за образование и наука не само што ќе продолжи, туку и ќе се унапредува. Високото образование и науката, се чести теми на владините седници, затоа што нивните заложби за забрзан развој се темелени на вложување во човечки ресурси.

Шаќири, како што соопшти Министерството за образование и наука, втор пат учествува на Интеруниверзитетска конференција со цел одржување лична комуникација и изнаоѓање ефективни решенија за предизвиците, преку инклузивен пристап.

„Продолжува поддршката и во сферата на науката. Финансиската рамка за поддршка на проектите на јавните научни установи од посебен интерес за државата како и за набавка на лабораториски ресурси, е тригодишна. Веќе се префрлуваат средства по овој основ. Планираните, речиси 250 милиони денари, ќе бидат реализирани. Од вас очекувам да го оправдате вложувањето на државата,“ истакнал Шаќири.

Интеруниверзитетската конференција е јавно правно тело составено од ректорите на универзитетите, претседателите на студентските парламенти на универзитетите, наставно-научни работници и еден член избран од редовите на директорите на самостојните високообразовни установи. 

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе