Претседателoт на Комисијата за заразни болести

Караџовски: Македонија е на врвот на епидемијата, во опција се сите мерки, па и целосно затворање на државата

Поради бројот на заболените лица, поради бројот на хоспитализирани лица, поради растот на инфицираните лица, поради зголемувањето на бројот на тестирани и поради широко распространетата инфекција низ државата, оценуваме дека се наоѓаме во една многу сложена и многу сензитивна ситуацијата, вели д-р Жарко Караџовски во интервју за емисијата Трилинг.

Претседателoт на Комисијата за заразни болести вели дека се размислува за сите мерки вклучувајќи локално,регионално па дури и за целосно затворање на државата.

„Но, прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија“, истакна Караџовски

Тој за емисијата „Трилинг“ открива дека лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години. Тие се оние кои го шират вирусот.

Според проценките на д-р Караџовски на врвот сме на епидемијата, додавајќи дека македонскиот здравствен систем не е димензиониран да ни се шират повеќе епидемии во исто време, ниту може да одговориме на тоа, објаснува претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски за емисијата Трилинг.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе