Караџовски: 80 отсто од случаите на ковид-19 се асимптоматски

Полицискиот час во овој момент не е решение, доволно е да се почитуваат постојните мерки, порачаа денеска министерот за здравство Венко Филипче и Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.  

Според доктор Караџовски, тестови има доволно, исто како и лаборанти и дијагностицирање и ќе се дојде до 1.000 теста дневно со работа од 16 часа на ден. Тој додаде дека ќе има и дополнителни термини за тестирање преку Мој термин.

„Отвораме нови простории утре наутро, во кое ќе имаме лаборанти и ќе ја забрзаме процедурата за правење тестови. Ние се припремавме во текот на целиот викенд, тестови има, лаборанти има, дијагностиката ќе се прави во Институтот за јавно здравје, работиме и прва и втора смена, до 20 часот навечер. Ќе има додатни термини што ќе се прави преку Мој термин. Народот прави грешка што доаѓа во 8 наутро и одма сакаат да бидат тестирани, затоа се создаваат гужви“, рече д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.

Во текот на неделата, најверојатно ќе бидат достапни и брзите тестови, каде што резултатот би бил готов за петнаесетина минути.

Од утре, како што кажа Филипче,  ќе се прават дополнителни 150 тестови во Институтот за јавно здравје, дополнителни 100 теста во Центарот за јавно здравје и 100 уште во лабораторијата во Козле.

„Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории. Мислам дека прашањето ќе го заокружиме до крајот на неделата. Ако утврдиме дека тоа значајно ќе го олесни пристапот на граѓаните, тогаш ќе се дозволи по референтната цена на Фондот да се користат ресурите на приватните лаборатории. До крајот на неделата ќе донесеме одлука“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања, Караџовски информираше дека 80 отсто од сите случаи на заболени од ковид-19 се асимптоматски, без никаква клиничка слика, 12 до 14 отсто се со лесна клиничка слика, односно лесно изразени симптоми како покачена температура, слабоста, кашлање и тие се лекуваат во домашни услови, 2 до 4 отсто се хоспитализирани со воспалителен процес на бели дробови или друго заболување , а 1 до 4 отсто се на респиратор.  

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе