Во овој период регистрирани сe 5.518 нови позитивни случаи од 35 градови во државата што претставува намалување од 14,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.296, односно 41,6%), со неделна инциденца – 371,7/100.000.
Според извештајот на ИЈЗ, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, при што најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (1.503 или 27,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (1.042 или 18,9%), 50-59 (1.040 или 18,8%), 40-49 (1.030 или 18,7%) и 20-29 (648 или 11,7%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (73, односно 1,3%) и 10-19 години (182, односно 3,3%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, регистрирани се 5.313 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 0.2% повеќе во споредба со минатата недела.
Во истиот период пријавени се 174 смртни случаи, со намалување од 5,4% во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 142 од починатите биле над 60 години, 24 лица на возраст од 50-59 години, 4 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и по два случаи од возрасните групи од 20-29 и 30-39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 7 до 13.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје.