Во овој период тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, односно 6,3% помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 1,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (3.255 или 43,5%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во овој период, процентот на позитивни од тестираните лица изнесува 38%.
Во извештајот на ИЈЗ се наведува дека регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.818, односно 24,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (1.496 или 20,0%), 30-39 (1.474 или 19,7%), 50-59 (1.348 или 18,0%) и 20-29 (978 или 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (85 или 1,6%) и 10-19 години (287 или 3,8%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.
По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7% повеќе во споредба со минатата недела.
Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 градови, што е зголемување од 18,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7%.