Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (851 или 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.
Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19%, или во просек 14%, што претставува намалување од 2% во однос на минатата недела.
Во овој период регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (507, односно 29,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (299 или 17,3%), 50-59 (298 или 17,3%), 30-39 (287 односно 16,6%), и 20-29 (231 или 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (32 или 1,9%) и 10-19 години (73 или 4,2%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 12,1% помалку во споредба со минатата недела.
Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 2 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.