ИЈЗ: За една недела бројот на нови случаи на ковид-19 зголемен за 86,5 проценти

Министерството за здравство информира дека според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 5 до 11 октомври 2020г., тестирани се вкупно 13.028 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, или 32,5% повеќе во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.243 нови позитивни случаи од 33 града во државата, што претставува зголемување од 86,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.155 или 51,5%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија, 215.  

Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 17.2% или 5% повеќе во однос на претходната недела.

Според извештајот на ИЈЗ, регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (456, односно 20,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (440 или 19,6%), 20-29 (414 или 18,5%), над 60 (405 или 18,1%) и 50-59 (343 или 15,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (53, односно 2,4%) и 10-19 години (132, односно 5,9%).

Во споменатиот период, од случаите кои се епидемиолошки истражени (1.347 или 60,1%), регистрирани се 94 (7,1%) хоспитализирани, а кај 319 (23,7%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 513, односно 38,1%,  имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 22 (1,6%) лица со историја на патување во последни 14 дена.

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 815 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29 повеќе споредено со претходната недела.

Во овој период пријавени се 31 смртен случај од 15 градови, за еден повеќе од претходната недела. Во однос на возраста, 26 лица биле над 60 години, а 4 лица на возраст од 50-59 години. Само едно лице е од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 24 починати лица. 

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе