Зголемување од 58,1 проценти

ИЈЗ: За една недела 49 смртни случаи од ковид-19

Во периодот од 12 до 18 октомври 2020г., извршени се вкупно 13.213 тестирања во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, при што се регистрирани 2.676 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 19,3% во однос на минатата недела, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.375 или 51,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Гевгелија –228,3/100.000.

Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 20,3%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 (559 односно 20,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (522 или 19,5%), 20-29 (470 или 17,6%), над 60 (469 или 17,5%) и 50-59 (443 или 16,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (79 или 3,0%) и 10-19 години (134 или 5,0%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (1.313 или 49,1%), регистрирани се 96 (7,3%) хоспитализирани, а кај 305 (23,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 470 (35,9%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 26 (2,0%) лица со историја на патување во последните 14 дена.

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.089 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 25% повеќе во однос на минатата недела.

Пријавени се 49 смртни случаи од 16 градови, што е зголемување од 58,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лица биле над 60 години, 9 лица на возраст од 50-59 години и 2 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години. Коморбидитети се регистрирани кај 35 починати лица.

 

 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе