ИЈЗ: За една недела 35,5% повеќе новозаразени од ковид-19, најмногу на возраст од 20-29 години

Во периодот од 28 септември до 04 октомври 2020г. тестирани се вкупно 9.832 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на ковид-19, што е 1,5% повеќе во однос на претходната недела, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во овој период регистрирани сe 1.203 нови позитивни случаи од 31 град во државата, што претставува зголемување од 35,5% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (519, односно 43,1%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово-192,3 на 100.000 жители. Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 12.2% или 3% повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (239 или 19,9%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (220 или 18,3%), 50-59 (200 или 16,6%), 30-39 (222 или 18,5%) и 20-29 (194 или 16,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (38, односно 3,2%) и 10-19 години (90, односно 7,5%).

Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на новорегистрирани случаи се бележи во возрасните групи од 20-29 години и 30-39 години, за 60% односно за 46,1%.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (1.074 односно 89,3%), регистрирани се 142 (13,2%) хоспитализирани, а кај 280 (26,1%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи во периодот 28 септември-4 октомври, 403 (37,6%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 (3%) лица со историја на патување во последните 14 дена.

По добиени 2 негативни теста за присуство на ковид-19 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 786 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување од 10% во однос на претходната недела.

Пријавени се 30 смртни случаи, 7,1% повеќе во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 24 лица биле над 60 години, а 6 лица на возраст од 50-59 години. 29 од случаите биле хоспитализирани, а само едно лице од починатите не било хоспитализирано. Коморбидитети се регистрирани кај 20 починати лица.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе