Имунизација само со донирани вакцини

И февруари без вакцините од Кина, ВМРО-ДПМНЕ прашува дали „Синофарм“ го вратил авансот

И премиерот Зоран Заев и министерот за здравство до вчера изјавуваа дека до крајот на месецов ќе стигнат 200 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“. Денеска министерот Филипче е многу повоздржан во однос на информациите кога ќе дојдат кинеските или руските вакцини. А портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска јавно праша дали е вистина дека кинеската компанија го вратила авансот уплатен од македонската Влада.

Министерот Филипче денеска изјави дека за неколку дена ќе има попрецизни информации од кинеската компанија „Синофарм“ и руската компанија „Спутник“.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека дури и една година по почетокот на ширењето на вирусот во Македонија, Владата не успеала да обезбеди вакцини.

Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари со 8.200 вакцини на „Фајзер“ кои ни ги донираше Србија. Со овие дози ќе бидат вакцинирани само здравствените работници.

„Имам информација дека е вратен авансот кој Владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и кои се причините ако е ова вистина, праша Арсовски.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе