По договорот на приватните клиники со Филипче

Хотелот „Ибис“ стана ковид-центар, се чека на дозвола од надлежните (ФОТО)

Сите неопходни работи за пренамена и адаптација на хотелот „Ибис“ (поранешна болница „Мала Богородица“) во ковид-центар се во финална фаза. Неопходната опрема е веќе монтирана и е во функција.

По прогласувањето на кризната состојба, на иницијатива на Министерството за здравство и министерот Венко Филипче беше одржана средба со претставници на трите најголеми приватни клиники во земјава – „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“. Приватните клиники одговорија позитивно да се најде решение за дополнителни капацитети со овозможени услови, кадар, опрема и лекови за згрижување и лекување поголем број пациенти со ковид -19.

Претставниците на „Аџибадем Систина“ предложија нивниот објект, поранешната болница „Мала Богородица“, да се користи како нов ковид-центар.

По усниот договор со министерот Филипче, веднаш почна  да се опремува овој капацитет и да се адаптира објектот во ковид-центар.

Адаптацијата е речиси готова, но се чека на Министерството за здравство да им издаде дозвола на трите приватни болници да можат да го користат објектот како ковид-центар. Договорено беше Министерството за здравство да координира која од приватните болници, како и со колку ќе учествува во трошокот на овој капацитет (кој, како што велат од „Аџибадем Систина“ е десеткратно поголем од ветениот надомест од Фондот за здравствено осигурување). И на тоа се чека. Се чека на издавање на дозволата за станица за довод на кислород, кој е неопходен за третман на ковид-пациентите. Се чека и на тоа кој двајца доктори медицински ќе управуваат со овој ковид-центар. И за тоа треба да одлучи Министерството за здравство. И на крај, се чека на договорот за соработка со Фондот за здравствено осигурување.

 

Откако ова ќе се заврши, подготвени сме во рок од 24 часа да ги примиме првите пациенти, велат од „Аџибадем Систина“.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе