Во Државниот инспекторат за труд

Граѓаните пријавиле 847 непочитувања на мерките за заштита

Во периодот од 11 март до 28 мај годинава до Државниот инспекторат за труд имало  2.300 пријави од граѓани, од кои 847 на непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, а останатите биле за добивање информации.

Фото: Роберт Атанасовски

„Во овој дел само мал број од пријавите се во однос на работните услови внатре. Повеќето се по закон за работни односи. Претставници на Државниот инспекторат за труд во овие конфекции кои сега се посочени со проблеми и во останатите конфекции цело време биле присутни, сугерирале да се придржуваат кон мерките и протоколите на Владата, работодавачите успешно го спроведувале и по тој основ ние немаме претставки“, изјави директорот на Инспекторатот, Аљајдин Хавзиу.

Тој апелираше да се продолжи со почитување на донесените мерки за заштита, бидејќи дале ефекти и најави дека инспектори од ДИТ и натаму ќе бидат присутни на терен да контролираат дали мерките се почитуваат.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе