Граѓаните од 16 часот во 85 часовен карантин

Попладне во 16 часот почнува 85 часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава. Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.

Од вчера во 16:00 часот до 05:00 часот во вторник 21 април е забрането движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите.

За лицата над 67-годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други граѓани има целосна забрана.

За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие и за сите други лица има целосна забрана.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство изработи план за непречена работа и на здравствените установи.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Изземени од забраната се и сите лица со попреченост со придружници. За да го остварат ова право, за овие лица нема да се издаваат посебни дозволи и доволно ќе биде со себе да имаат медицинска белешка која ќе треба да им се презентира на полициските службеници доколку за тоа се укаже потреба.

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здраство Венко Филипче, во пресрет на Велигденските празници апелираа до граѓаните да покажат одговорност, да останат дома, да не се собираат, групираат и строго да ги почитуваат заштитните мерки, посебно физичката дистанца од два метра, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Надлежните укажуваа дека влегуваме во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смее да се дозволи тој дополнително да се оптовари и да се даде шанса понатаму, за две недели од сега, заради групирања да се јават нови пациенти.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе