„Во рамки на моите надлежности веднаш соопштувам дека во рамките на училиштето ја разрешувам директорката на ООУ 'Даме Груев'. Веднаш потоа сакам да апелирам до МВР, Центарот за социјални работи, Државниот инспекторат за образование и сите надлежни да го испитаат детално случајот и онаму каде треба да се помогне и онаму каде треба да се сноси одговорност. Уште еднаш апелирам дека иднината на нашите ученици и деца е најважна и мораме да бидеме сите со високо ниво на свест. Ова не смее уште еднаш да се повтори", пишува градоначалникот Нацков на Фејсбук.
Таткото на ученикот за дел од медиумите изјави дека неговото дете било жртва на булинг од страна на двајца соученици кои го малтретирале подолг временски период.