Гевгелискиот кризен штаб бара да се воведе полициски час

Кризниот штаб на Општина Гевгелија на денешната седница, по констатираната влошена епидемиолошка состојба во Општината, побара од Главниот кризен штаб да се воведе полициски час на територијата на Општината во периодот од 21:30 часот до 5 часот наутро секој ден до стабилизирање на состојбата.

Покрај ова се бара, за територијата на Општината, да се преиспита зголемувањето на пополнетоста на автобусите на 75 отсто и таа да се врати на 50 отсто, како што беше претходно.

Општинскиот кризен штаб на Гевгелија, се наведува, бара враќање на претходните рестриктивни мерки и примена на мерките за заштита од ширење на Ковид-19 од страна на општинските и државните интситуции, стопанските капацитети и сите економски оператори.

Од денеска, како што посочуваат од Кризниот штаб, се забрануваат групирања на јавни површини во Општината, во туристичките места Смрдлива вода и Негорски бањи како и во планинските села Конско, Серменин и Ума.

На ЈПКД ,,Комуналец,, му е наложено да продолжи со дезинфекцијата на улиците и јавните површини, од надлежните служби, се посочува, се бара да ја засилат контролата во поголемите населени места и да се реактивираат патролните екипи.

Сите членови беа едногласни во донесувањето на денешните заклучоци и мерки. Изминативе два дена во Општина Гевгелија беа регистрирани 77 лица позитивни на Ковид-19.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе