По апелите на градоначалникот

Филипче: Засега нема карантин во Прилеп

Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Прилеп рече дека засега нема потреба од воведување на карантин во овој град, каде веќе подолго време коронавирусот неконтролирано се шири, а голема е и смртноста. Деновиве градоначалникот на Прилеп повеќепати преку медиумите изјавуваше дека е потребно во Прилеп да се вовфедат посилни рестриктивни мерки.

Министерот Филипче вели дека и вчера телефонски разговарал со градоначалникот Илија Јовановски и дека според мислењето на епидемиолозите, засега нема потреба од водедување на карантин во градот.

Прилеп е во таа третина од градовите во нашата држава во кои сѐ уште има благ пораст на инциденцата на новодијагнистоцирани случаи во последните две недели, во однос на оние претходни две, смеета министерот и векудека и во Прилеп се бележи благо намалување на притисокот во однос на број на папциенти кои доаѓаат за преглед и за преием во болницата.

„Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше состојбата како за Прилеп, така и за други градови и заклучивме дека нема потреба од воведување на нови или дополнителни мерки. Со затворени угостителски објекти после 21 часот, забрана на групирање во текот на 24 часа постепено се олабавува ситуацијата, па затоа со нови мерки не би добиле некаков позначителен ефект. Во сите земји во Европа резултати даваат задолжителното носење на маски, забраната за групирање, елеминирањето на можноста за групирање во угостителски објекти", рече Филипче.

Според Филипче, болницата во Прилеп е организирана, пациентите се сместени на пет одделенија, а мобилизирани се сите лекари, медицински сестри помошниот технички персонал.

Тој ја оцени како многу добра иницијативата на матичните лекари од градот кои се одзваа на апелот на градоначалникот да почнат да волонтираат во болницата со цел да се надомести отсуството на нивните колеги лекари кои се ковид позитивни.

Инаку, министерот за здравство најави дека четири модуларни болници до крајот на годинава ќе добијат Куманово, Струмица, Гевгелија и Струга каде ситуацијата е приоритетна за зголемување на болничките капацитети за лекување на пациентите од ковид-19.

Државата, како што вели, има повеќе од доволно брзи тестови. Со донациите на располагање се преку 100 илјади.

Министерот за здравство се осврна и на последните турканици по трговските центри и молови во намера на попуст да купат различни производи.
„Воопшто не го оправдувам она што го видов и јас, мешаниците во моловите. Мора да се почитуваат мерките. Затоа е забрането групирањето. Инаку, распоредувањето на припадниците на Армијата со кризната состојба е овозможено пред здравствените институции. А таму има ефект", изјави Филипче опдговарајќи на новинарско прашање за турканиците викендот.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе