По веста за 21 ковид-позитивен случај на Клиниката за нефрологија

Филипче: Заразените доктори и медицински персонал на Нефрологија се со лесна клиничка слика

Министерот за здравство д-р Венко Филипче вечерва изјави дека сите здравствените работници кои се позитивни на ковид-19 од Клиниката за нефрологија имаат лесна клиничка форма на болеста. Во моментов, рече, установата функционира нормално со останатиот медицински кадар.

„Ќе земеме дел од тие материјали и брисеви и ќе се направи секвенционирање, за да видиме дали евентуално станува збор за мутација на британскиот сој на вирусот", рече министерот во изјава за Канал 5.

На Клиниката за нефрологија ковид позитивни се осум медицински сестри од вкупно 52 вработени, еден лаборант од вкупно двајца вработени и еден психолог. Заразени се девет доктори од 24 вработени во установата и тројца болничари од вкупно 17 вработени на Клиниката за нефрологија.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе