Министерство за здравство

Филипче: Во Заводот за рехабилитација 8 позитивни теста кај медицински лица

Добрата вест денеска е тоа дека од Инфективната клиника во Скопје испишани се 9 пациенти и упатени на домашно лекување. Пациентите имаа полесна клиничка слика и по двата негативни теста се пуштени дома. Деновиве очекуваме уште такви случаи затоа што имаме повеќе пациенти со лесна клиничка слика, па по двојното тестирање се очекува набрзо и други пациенти да бидат пуштени дома, изјави попладнево Венко Филипче, министерот за здравство.

Тој ги повтори бројките од статистиката на денот - 26 нови случаи, од кои 19 се во Скопје, една жртва (79 годишен пациент од Дебар), на Инфективната клиника во Скопје сега има вкупно 47 пациенти, тројца се на механичка вентилација, а со кислородна поддршка се 9 пациенти.

Хирургот Горан Валевски е нов дректор на охридската болница, каде денес завршува санитарната и здравствената инспекција по што ќе се анализираат сите информации и документи од матичниот лекар, од болницата.. Според нашите сознанија имало пропуст, но се чека на официијалниот заклучок на санитарните и здравствените инспектори, рече Филипче.

Министерот информираше дека по тестирањата на врабтените и пациентите во Заводот за рехабилитација во Скопје (46 вработени и 6 пациенти), кај 8 медицински лица тестот бил позитивен, како и кај двајца пациенти. Се чекаат резултатите од уште 16 пациенти, а Заводот не работи веќе неколку дена, а така ќе биде и во наредните денови. Клиникаата за кожни болести почна да работи.

Дневно во Македонија се вршат меѓу 200-300 теста од коронавирусот. „Значи имама отприлика иста дневна бројка на заболени пациенти, а повеќе тестирања дневно“, изјави Филипче.  

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе