Од понеделник

Филипче: Трета доза вакцина за постари од 60 години и за сите здравствени работници

Трета доза вакцина да примат граѓаните на возраст над 60 години, сите здравствени работници без оглед на возарста и сите лица кои имаат имуно компромитирана состојба без оглед на возраста е препораката што ја даваат здравствените власти во земјава. 

Третата доза вакцина којшто ќе почне да се дава од понеделник, треба да биде „Фајзер”, без оглед која е претходно примената вакцина, а ваквата препорака, како што изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, произлегла од разговорите со членовите на Комисијата за имунизација, следејќи ги препораките во светски рамки. 

Според Филипче, а апликација на трета доза треба да се поминати најмалку 6 месеци по втората доза, а препораката важи и за оние што прележале ковид-19. Исто така, трета доза во земјава ќе може да примат и оние кои претходно се вакцинирале во странство, но за тоа ќе треба да се пријават во кој било пункт во земјава за да се внесат нивните податоци, по што ќе можат да добијат и македонски сертификат. 

Филипче уште најави дека следните денови детално ќе се изработи методологија за скрининг на тестирање на ученици во основните и средните училишта со брзи антигенски тестови. Како што кажа, „има мала трансимисија” и сакаат да направат скрининг на состојбата.  

Според Филипче, во земјава има доволно вакцини, а деновиве се очекува официјална потврда на данска донација од 250 илјади вакцини „Џонсон и Џонсон” со рок на траење до 2023 година. 

 
 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе