Филипче: Првите 5.850 дози вакцини од „Фајзер“ ќе ги има во февруари

Првите 5.850 дози вакцини од „Фајзер" ќе ги има во февруари, во март треба да стигнат уште 17.550 и  најмалку уште толку во април. Се чека датум кога  ќе стигнат и 833-те илјади дози преку Ковакс-механизмот, а покрај Бугарија, Полска и Грција, и Австрија е подготвена да одвои за нашата земја од вакцините набавени за нејзините граѓани, преку третиот – солидарен механизам на земјите од ЕУ кои отстапуваат вакцини за земјите кои се надвор од Унијата.

Ова го соопшти министерот за здарвство Венко Филипче кој рече дека ќе има разговор со австрискиот министер за здравство за тоа кога и колку вакцини би можело да ни отстапи Австрија.

Во гостување во Дневникот на ТВ Канал5, Филипче рече дека први ќе се вакцинираат здравствените работници, повозрасните лица и хроничните болни, а потоа сите граѓани и дека вакцината за сите ќе биде бесплатна.

За да се надминат сомнежите кон вакцините, рече, се планира сериозна кампања преку националните медиуми и со нивна поддршка верува дека ќе се подигне јавната свест, а дека и СЗО размислува за некој вид сертификат за примена вакцина.

Во врска со „ивермектин", кој некои граѓани го набавуваат од Грција, рече дека не е магичен лек, кај нас ќе се употребува кога ќе завршат административните процедури во Агенција за лекови и апелираше никој да не го купува, ниту да го зема на своја рака, туку само по индикација на лекарите зашто болеста ковид-19 е непредвидлива и има различни форми.

Ситуацијата со заразата во земјава се подобрува, но се уште е рано, рече министерот, дека таа дефиннитивно спласнува. Трендот на помалку заразени се должи на почитување на мерките за што придонеле самите граѓани – затворените угостителски објекти, носењето заштитни маски и избеганатите големи собири.

– Но се уште е рано да кажеме дека дефинитивно епидемијата спласнува и дека треба да ги олабавиме мерките. Далеку сме од тоа. Се уште е во сила апелот да се почитуваат мерките, зашто ако го спуштиме гардот може да имаме нов пик, истакна министерот за здравство.

За плановите во 2021-ва, Филипче соопшти дека има систем  на инвестиции за реновирање здравствени установи и очекува дека во оваа година, по многу години најавување, ќе има официјален почеток на изградба на Клиничкиот центар.

Со кредит од Светска банка, ќе се реновираат и опремуваат болници, меѓу кои во Струмица, Ургентениот центар во Тетово и „Св. Еразмо" во Охрид, а посочи и дека во функција на јавното здравство во иднина ќе останат модуларните болници отворени за ковид-19.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе