Филипче: Полициски час не е трајно решение

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека полицискиот час не е трајно решение, доколку граѓаните не сфатат колку е важно почитувањето на мерките за лична заштита. Во оној момент кога тој ќе биде укинат, ќе продолжи ширењето на вирусот ако мерките што се носат и препорачуваат не се почитуваат, смета тој.

„И да се препорача некаде целосна рестрикција на движењето, ако граѓаните не се свесни дека мора да ги почитуват мерките истото ќе се случи и по укинувањето на полицискиот час. Значи ни тоа не би било решение. Затоа ја пратиме ситуацијата, се фокусираме на трансмисијата во градинките и училиштата, во случај да треба да препорачаме затворање во некоја од општините ако има таква трансмисија, но засега нема. Затоа сметам дека овој пакет на мерки што го имаме заедно со оние законски измени во Собранието е така димензиониран за да може да функционираат граѓаните, а сепак да биде ставен приоритет на заштита на јавното здравје. Полицискиот час не е трајно решение. Таму каде што мерките не се почитуваат пак ќе има раст на бројките“, рече Филипче во гостување на „Топ тема" на Телма.

Тој прашан зошто не се воведоа препораки и засилени рестрикции во најзагрозените општини рече дека за да се преземат одредени мерки не се важни само бројките, туку дека од големо значење се сите податоци кои се даваат во епидемиолошките анкети, од тоа каква е клиничката слика, дали се трансмисиите ограничени, дали станува збор за кластрери, па и податоци каде и како се заразиле.

„Бројката на новодијагностицирани пациенти од вкупните тестови не значи ништо, затоа што многу се битни епидемиолошките анкети. Каде се луѓето заразени, дали е ограничен кластер, во каква состојба се дали им треба хоспитализација“, рече Филипче и додаде дека податоците од тие анкети укажувале дека зголемената трансмисија е резултат на групирањата и оти заради тоа и вака се димензионираат мерките.

Министерот Филипче рече и дека растот на бројот на позитивни и заболени од КОВИД-19 бил очекуван и оти на тоа предупредувале уште во текот на летниот период. Затоа, рече, апелиравме да се почитуваат мерките.

Растот на нови случаи, рече,  го предвидувавме и укажувавме дека може да се случи уште во летните месеци, впрочем не само ние го очекуваа сите земји и гледаме сега дека има илјадници нови случаи во тие земји.

„По попуштањето на рестриктивните мерки на крајот на пролетта имавме некакви протоколи и рестриктивни мерки тие никогаш не беа повлечени. Очекувавме ваков бран затоа што прво луѓето се вратија од годишните одмори, започнаа на своите работни места, поголема концентрација на луѓе во затворени простории, очигледното прекршување на мерките доведе до ваква ситуација“, рече министерот Филипче. 

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе